Search

Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека не издала наредба за претрес на обвинителката Фатиме Фетаи и на другите обвинители и вели дека се работи за недоразбирање.

– Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор, изјавила Јанева за А1.он.

Инаку, се очекува Јанева во вторник во Одделот на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција да сведочи во случајот „Рекет”, за што денеска сведочи обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, а веќе сведочеа обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Треба да знаете
Последни објави