Search

Јанева добивала 105.000 денари плата и уште толкав бонус?

Платата на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, била во износ од околу 105.000 денари, покажува пресметката на „Код“. За споредба, според „Код“, платата на републичкиот јавен обвинител е околу 80.000 денари.

Платите на останатите обвинители во СЈО, пак, се движеле помеѓу 80.000 и 85.000 денари. Во оваа сума е земен предвид и додатокот за ризик на работа како и додатокот на плата за прекувремена работа.

Но постои трет додаток кој е таен и за кој обвинителите се обврзале да молчат, а тоа се бонуси за оние обвинители кои ги преслушувале бомбите. Најголем бонус за ова зeмала Јанева бидејќи имала пристап до сите прислушувани разговори, истражува „Код“.

Бонусите им следеле на обвинителите и стручните соработници согласно договор со кој се обврзувале да го почитуваат принципот на тајност на содржината во „бомбите“.

Десетина обвинители имале склучено ваков договор и тие имале пристап до содржината на бомбите. Освен тоа, бонуси им следувале и на стручните соработници кои имале обврска да ги преслушуваат „бомбите“ и да откриваат индиции за криминал.

Овој бонус бил во износ од платата и додатокот за ризик заедно. Доколку вработените во СЈО ја прекршат тајноста на „бомбите“ им се заканувала кривична одговорност, но и обврска да ги вратат сите пари од бонусите.

Треба да знаете
Последни објави