Search

Јанева дала наредба да се врши претрес на сите обвинители при влез и излез од СЈО

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, преку истражител во обвинителството дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и на обвинителите, дознава „А1он“.

Шефицата Јанева ја донела одлуката денес, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева.
Вработените се шокирани и револтирани од ваквата наредба на Јанева. Дел од нив сметаат дека ова е притисок, бидејќи ваквата одлука следува по добиената покана Јанева да се јави во ОЈО на распит, но и откако, обвинителката Лиле Стефанова веќе даде исказ пред јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави