Search

Јанева во вторник на распит кај Русковска

Катица Јанева во вторник ќе дава исказ кај обвинителката Вилма Русковска за преметот „Рекет“, соопшти нејзината адвокатка Ирена Фрчковска во вечерашното гостување во емисијата 360 Степени.

Ова ќе биде прв исказ на Јанева како осомничена, бидејќи првиот пат даваше исказ во својство на сведок.

Нејзината адвокатка рече дека таа е во лоша здравствена состојба, дека има проблем со хронични болести и дека не се чувствува добро поради ситуацијата во која е, но ги отфрли како неосновани сомневањата дали поради ова таа можела да ги пишува писмата-наредбите што ги испраќала од притвор.

Треба да знаете
Последни објави