Search

Јанева бара трпение за да се разјаснат случаите „Империја“ и „Поштенска банка“

На излегување од Обвинителството Катица Јанева кажа дека не знае каде е бизнисменот Орце Камчев. Побара трпение кога се ќе стане јасно зошто е предложено спогодбени решение за враќање на парите во случаите „Империја“ и „Поштенска банка“.

Бидете трпеливи. Не смеам да го кажам тоа бидејќи ова е истрага и треба да знаете и тоа е општо познато дека во истрага не се споделуваат информации. Се надевам дека ќе има судење каде ќе бидете присутни, одговори Јанева на новинарите.

Досега во обвинителството за организиран криминал за случајот сведочеа и обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.

Треба да знаете
Последни објави