Search

Јандроковиќ: Политиката која Србија ја води не е добра

Претседателот на хрватскиот Парламент Гордан Јандроковиќ оцени дека актуелната политика на Србија не е добра и дека не придонесува за подобрување на односите меѓу двете држави.

Пред комеморацијата во болницата во Вуковар, Јандроковиќ пред новинарите истакна дека „Србија мора да ги исполни сите свои обврски” во однос на исчезнатите лица во последната војна.

– Србија ќе мора да ги отвори архивите и да покаже што се случувало. Оваа политика што ја води Србија не е добра и не придонесува за подобрување на односите меѓу двете земји”, рече Јандроковиќ.

На прашањето дали Хрватска ќе ја блокира Србија на патот кон членството во ЕУ, Јандроковиќ рече дека преговарачкиот пат на Србија е „многу долг” и оти смета дека во наредните години ќе дојде до тоа што го навел, односно дека Белград ќе ги испочитува своите обврски.

Треба да знаете
Последни објави