Search

Јанакиески сака да биде сведок во „Таргет-Тврдина“, ќе бара отштета за прислушкувањето

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој вчера доби условна затворска казна за случајот „Шамари во Центар“ ќе бара отшета бидеји бил прислушкуван.

Денеска во Кривичниот суд во Сскопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ за незаконското прислушување, на кое сведочат политичари, бизнисмени и новинари кои биле прислуувани.

Судот информираше дека Јанакиески поднел пријава како жртва, па му предлага на Јавниот обвинител да го пријави во случајот  „Таргет-тврдина” како сведок кој претрпел штета и нарушена емотивна стабилност.

Тој како обвинет во неколку предмети,  во кои како докази се користат прислушкувани разговори во кои тој е учесник, вели дека е еден од лицата кои најмногу биле прислушувани, па претрпел емотивно страдање.

Денеска во судница од затворот Идризово беше донесена и Гордана Јанкулоска, која со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков се меѓу обвниените во „Таргет-Тврдина“.

Треба да знаете
Последни објави