Search

Јамајчанец доби милион долари на лото, а ги подигна со маска на лицето

Јамајчанец, во медиумите идентификуван како А. Кемпбел, доби нешто повеќе од милион долари на лотарија, а при подигнување на наградата се појави со маска на лицето, и тоа не која било, туку онаа од филмот „Врисок”.

Како што пренесува „Вашингтон пост”, на добитникот му требале дури 54 дена за „да собере храброст” и да дојде по наградата. Неговото оправдување е дека „по првичниот восхит, потоа со денови чувствувал мачнини”, а веројатно и загриженост и страв од изнудувачи.

– Главата ме болеше три дена оти постојано размислував за тоа како ми се оствари она што го посакував. Стомакот ме болеше две недели, изјави среќникот.

Прашан што планира да направи со добиените 1,1 милион долари, тој рече дека дел ќе потроши на убава нова куќа, а дел на унапредување на приватниот бизнис.

Треба да знаете
Последни објави