Search

Јамајчанец доби милион долари на лотарија и си го прекри лицето со маска

Јамајчанец, кој доби милион долари на лотарија, за време на преземањето на наградата се појави со маска од филмот „Вресок“.

А. Кемпбел минатата недела за време на преземањето на чекот се појави во долга бела наметка, широки панталони и ракавици, а на лицето носеше маска. Како што пренесе „Вашингтон пост“, Кемпбел по 54 дена, собрал храброст да ја прими наградата.

Среќниот добитник изјави дека кога дознал за наградата, првин бил воодушевен, но потоа со денови се чувствувал болно.

„Ме болеше главата три дена бидејќи постојано размислував за тоа како ми се исполни желбата. Стомакот ме болеше две недели. Понекогаш чувствував толку силни болки што дури заборавав дека добив на лотарија“, изјави тој.

Кемпбел наведе дека знаел оти рокот за подигнување на наградата истекува во февруари додавајќи дека претходно сакал малку да се прибере.

Тој откри и што планира да направи со наградата. Наведе дека дел ќе потроши на убава куќа, како и на унапредување на приватниот бизнис

Треба да знаете
Последни објави