Search

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала независноста на Косово, јави РТС.

Тачи вчера на „Твитер“ напиша дека од амбасадорката Вљора Читаку бил известен дека Јамајка го признала Косово.

Подоцна, министерката Џонсон Смит ја ретвитна објавата на Тачи со краток коментар: „Јамајка не го препознава Косово како независна држава“.

Претходно и премиерот на Косово, Албин Курти, изрази благодарност до владата и народот на Јамајка. „Сакам да им се заблагодарам на народот и на владата на Јамајка, како и на премиерот Ендру Холнес. Се радувам на соработката и искажувам благодарност од Косово за сите идни соработки“, напиша Курти на „Твитер“.

Треба да знаете
Последни објави