Search

Јакимовски ќе дели правда во Чаир

Во Чаир на дерби пресметката во четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија, каде домаќинот Шкупи ќе го пречека бранителот на трофејот Академија Пандев, правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски. Првите четвртфинални натпреаври од Купот на Македонија, закажани се за в среда (4 декември) од 13 часот. Реванш средбите ќе се играат на 4 март 2020 година.

Двојки и судии за првите четвртфиналните натпревари:

Струга: СТРУГА ТЛ-РЕНОВА (Марјан Гоцевски – Ѓорѓи Станковски, Кире Ангеловски, четврти: Ристе Сејменов)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ЛАБУНИШТА (Благојче Ралевски – Злате Лозановски, Николче Дрнковски, четврти: Влатко Илиоски)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ (Боби Величков – Петар Новачев, Душко Панов – четврти: Игор Иванов)

ШКУПИ – А.ПАНДЕВ (Дејан Јакимовски – Даниел Василевски, Дарко Видиниќ, четврти: Никола Костенчев)

Треба да знаете
Последни објави