Search

Јакимовски: Ова е хајка против мене. Адвокат на неговата сопруга: Тој е опасен за себе и околината

Во ќелијата на притворениот заканувач Емил Јакимовски при претрес бил пронајден мобилен телефон со СИМ-картичка, констатираше судијката Џанера Бегтовиќ на првото судење, објави Макфакс.

Емил Јакимовски, које поранешен новинар и вработен во Централниот регистар, се товари за вршење семејно насилство и загрозување на сигурноста со сериозна закана кон неговата поранешна сопруга, на која ѝ се заканувал дека ќе ја нападне неа, но и нејзиниот татко. Тој се товари и за закани упатени кон новинарката Мери Јордановска.

-Примено е известување од КПУ затвор ‘Скопје’ со кое се известува судот дека при претрес на соба во која е сместено притвореното лице Јакимовски Емил е пронајден мобилен телефон марка ‘Хуавеи’ со избришан ИМЕИ”, констатираше судијката Џанета Бегтовиќ.

Судот добил известување и дека Јакимовски давал инструкции на неговото семејство како да се користи портал и иструкции за ставање наслови.

Јакимовски бараше од судот да овозможи да се брани од слобода, а судијката рече дека предлог ќе треба да поднесе преку адвокатот.

„Во оваа медиумска хајка против мене се издејствува мое бркање од работа од Централниот регистар, до утре морам да поведам до надлежен Основен суд работен спор, немам можност да поведам постапка бидејќи немам законски застапник. Бидејќи немам можност да се бранам, барам судот да овозможи да се бранам од слобода”, посочи Јакимовски пред судот.

Адвокатот Јанаки Митровски, бранител на Драгана Јакимовска, која е екссопруга на обвинетиот Емил Јакимовски, смета дека обвинетиот Јакимовски е опасен за себе и околината. Тој по судењето кажа дека укинувањето на мерката притвор и бранењето од слобода би значело можност тој да го повтори делото.

Фото: Макфакс

Треба да знаете
Последни објави