Search

Јакимовски на распит во полицијата

Поранешниот вработен во Централен регистар, новинарот Емил Јакимовски, кој се закануваше на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, во моментот е во полициска станица, каде што дава исказ.

-Пријавениот е во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Јакимовски е на распит откако вчера двете новинарки го пријавиле, како што тоа од нив го побара и техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Ќулев.

Јакимовски и претходно бил пријавуван од повеќе лица, како и градоначаникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

И Централниот регистар соопшти дека директорката Марија Бошковска Јанковска, но и други вработени во институцијата имале закани од Јакимовски кој е избркан од работа поради злоупотреба на боледување и нарушување на угледот на институцијата.

Треба да знаете
Последни објави