Search

Јакимовски: Карантин само во општините со најмногу заразени, а не во цело Скопје

Некогашниот градоначалник на општина Карпош и претседател на политичката партија ГРОМ, Стефче Јакимовски гостуваше во ,,Само Вистина” на Канал5.

-Очигледно се наоѓаме во страшен хаос, за жал од здравствено прашање ковид -19 се претвора во политичко прашање. Очигледно некој потфрли, претседателот на комисијата за заразни болести направи сериозен гаф. Двајца луѓе во Македонија кажаа дека со вирусот во Македонија е завршено, тоа е реисот и господинот Караџовски. За едниот знаеме дека си проповеда верски работи, но за другиот знаеме дека треба да зборува врз основа на научна основа велејќи дека ги знаат кластерите, а сега влегуваме во една разорна моќ која го зема Ковид-19. Најсериозно се спротиставувам на блокирање на градот Скопје, односно полициски час треба да се спроведат во оние општини каде има најмногу заразени, а не во цело скопје. Повторно да одиме со затворање на цело Скопје и Македонија ќе има непроценливи штети по стопанството, рече Јакимовски.

Според Јакимовски сега главен проблем за власта е Наќе Чулев.

-Главниот проблем е сега Наќе Чулев, а не овие што ја промашија стратегијата. Како кога успешно се справувавме со коронавирусот Филипче беше херој, Наќе Чулев немаше проблем, сега кога имаме огромен број на заболени Наќе Чулев им е виновен смешно е да се префрла одговорноста.
Успешно се справивме во Дебар каде испративме релевантен професор инфектолог кој сериозно се зафати за работа и проблемот се реши. Ако така работевме и на другите места ќе се справевме успешно со целата ситуација. Сега штетата од целава оваа работа е 2, 3 милијарди евра за стопанството, смета Јакимовски.

Треба да знаете
Последни објави