Search

Јакимовски и уште двајца вработени во Општината пред истражен судија

Поранешниот градоначалник на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Приведени се уште две лица, вработени во општина Карпош. Обвинението е покренато од Основното јавно обвинителство, кое најави дека повеќе детали ќе соопшти во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите од ОЈО за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.

Треба да знаете
Последни објави