Search

Јадранското море никогаш не било посолено

Хрватскиот тим на научници, во соработка со италијански колеги, ги објавија најновите резултати од истражувањето, кои укажуваат на невидени вредности на соленост на Јадранот, објави Институтот Руџер Бошковиќ.

Овие резултати беа објавени во престижното списание „Frontiers in Marine Science“.
Во истражувањето се наведува дека во текот на летото и есента 2017 година се забележани екстремно високи вредности на површинска соленост (вредности на соленост над 39 промили) на јужниот Јадран и кај Палагружа.

Ова е прв пат да се забележат вакви високи вредности на Јадранот, покривајќи ја површината на морето до длабочина од околу триесет метри. Патем, овој феномен е чест во многу посолениот и потопол Левант, каде што се создава најсолена вода во Медитеранот, т.н. Левантинска интермедијарна вода.

Ова знаење ги охрабри хрватските и италијанските истражувачи да се забавуваат со просторно и временско проширување на овој феномен. Анализите спроведени од овој тим научници ги објаснија причините за појавата на вода со толку висока соленост. Феноменот е делумно предизвикан од зголемениот прилив на високосолена вода од Левант и Јонско море, а делумно се должи на процесот во самиот Јадран.

Бидејќи животот во морето, од планктоните до рибите и бактериите зависи од температурата, соленоста и достапните хранливи соли, набљудуваните промени сигурно ќе имаат значително влијание врз животот на Јадранот.

Треба да знаете
Последни објави