Search

„Јадеше ли гулаш во Унгарија,а?“ Јанакиески го праша Трајковски кој беше кај Груевски во Будимпешта

Обвинетиот екс министер Миле Јанакиески, на почетокот од денешното рочиште за насилствата во Општина Центар во чекалната пред судницата се пошегува со обвинетиот во истиот предмет, Александар Трајковски, кој неодамна беше во посета на избеганиот екс премиер, Никола Груевски, а средбата беше фотографирана.

„Јадеше гулаш, а?”, му рече Јанакиески на Трајковски.

„Јадев бе, зошто да не јадам. Има, дана за мегдана”, му одговори Трајковски.

Ова предизвика смеа кај останатите обвинети и присутните кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата.

На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО. Првото рочиште за предметот „Насилство во Центар“ почна на 16 декември 2016 година, но динамиката на судење досега се одвива бавно.

Треба да знаете
Последни објави