Search

Јадете ги овие производи и вашето срце ќе ви биде благодарно

Кардиоваскуларните болести се причина за 17,5 милиони смртни случаи во светот годишно, а се проценува дека до 2030. година ќе предизвикуваат 23 милиони смртни случаи.

Некои од производите кои секојдневно можете да ги консумирате може да влијаат на намалување на ризикот од појава на срцеви болести.

“Здравјето на срцето се поврзува со исхраната, вежбањето, откажување од цигари. Секоја таква промена ќе го намали ризикот од појава на срцеви болести”, вели нутриционистката Сузи Бурел. Таа открива кои намирници секојдневно треба да ги консумираме за срцето да ни биде здраво.

1. Овошје и зеленчук

Бананите, спанаќот, брокулата и краставиците се преполни со калиум. Таквата исхрана е во врска со намалениот крвен притисок и помалиот ризик од развој на срцеви болести.

Вашата цел нека биде да изедете неколку овошки дневно и барем два до три видови на зеленчук.

2. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се извор на здрави масти, а оревите се посебно богати со омега-3 масни киселини, кои се добри за здраво срце.

Бурел вели дека една рака јаткасти плодови дневно ќе помогнат во намалување на ризикот од појава на срцеви болести.

3. Влакна

Влакна од бобови или овошки, најмногу јаболка и банана, го намалуваат нивото на лош” холестерол.Тие намирници да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.

4. Природни маснотии

Нутриционистката советува да избегнувате пржена храна и да го зголемите внесувањето на квалитетни маснотии од производи како што се маслиново масло, семки и авокадо.

5. Риба

Секоја риба е здрава, но со омега-3 масни киселини изобилува лососот, свежата туна и сардината.

Ако овие три вида на риба ги внесете во вашата исхрана, тоа е најлесен начин со кој ќе го зголемите внесувањето на омега-3 масните киселини и ќе имате поздраво срце.

Треба да знаете
Последни објави