Search

Јадат ли македонските деца канцерогени чипсови со акриламид?

Главна тема на последниот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни на Македонија бил акриламидот, канцерогена состојка која ја има во вафли, чипсови и крекери- велат извори за 24 инфо. Во 2017 година РАССФ системот нотифицирал 21 небезбедна пратка со голема колишина на акриламид од кои 15 од Србија, 5 од Босна и Херцеговина и 1 од Република Македонија.

Согласно релевантните научни сознанија, акриламидот е соединение кое се создава во храната кога се пече или пржи на високи температури и може да има штетно влијание врз здравјето на луѓето.

Се создава кај намирниците кои се богати со скроб како компирот, лебот и оризот при нивната термичка обработка на повисока темерпатура и подолг период. При печење, пржење, тостирање се создава  супстанца наречена акриламид која што ја дава онаа прекрасна златно жолта боја, карамелизиран вкус и мирис. Иако е многу вкусна, научницте велат дека е канцерогена кај човекот.

Во Агенцијата за храна велат дека во рамки на мониторинг програмите ќе воведе земање и на мостри за лабораториско испитување за утврдување на присуството и количеството на акриламид во храната и од домашното производство, бидејќи, станува збор за соединение кое е го има во голем број производи, особено во оние кои ги консумираат децата, како што се чипсови, крекери, вафли и слични производи кои, во поголеми количини можат во да бидат штетни за нивното здравје. Во прилог на ова оди и податокот дека годинава поради зголемено присуство на акриламид, како небезбедни нотифицирани биле 3 пратки – по една од Холандија, Србија и од Босна и Херцеговина.

На последниот состанок на советот се дикутирало на тема што е акриламид, како настанува во храната, каква е европската регулатива за воспоставување мерки и која е референтната точка за ублажување на неговото присуството во храната, во кој вид храна најчесто се сретнува, дали постои и која е толерантната доза, што говорат податоците од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни на Европската унија?

-Агенцијата за храна и ветеринарство подготви Правилник за воспоставување на мерки за ублажување на последиците и нивоа на референтни вредности за намалување на присуството на акриламид во храната, со кој ќе се уреди оваа материја. Правилникот треба наскоро да биде донесен. Креиран е согласно европската регулатива и научните искуства за ризиците кои ги носи акриламидот, а кои ги споделува и Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА – рече на состанокот директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседател и претседавач со Националниот совет.

Есперите велат дека нивоата на акриламид во храната мора да се следат постојано и на секои три години прави евалуација на резултатите. Според податоците од Системот за брзо известување за безбедноста на храната и храната за животни на Европската унија, во 2014 и 2015 година не се евидентирани нотификации за производи во кои се најдени поголеми количини на акриламид од востановената долна граница, за разлика од 2016 кога е нотирана една небезбедна пратка по потекло од Хрватска. Во 2017 година РАССФ системот нотифицирал 21 небезбедна пратка, од кои 15 од Србија, 5 од Босна и Херцеговина и 1 од Република Македонија.

Супстанцата всушност се формира кога едноставните шеќери од намирниците (како глукозата) реагираат со некои амино-киселини на температура повисока од 120 Целзиусови степени. Важно е да се напомене дека количеството на акриламид се зголемува како намирниците загоруваат повеќе. Затоа, новите кампањи ги советуваат граѓаните да ги готват, пржат, печат и тостираат овие работи до заруменета боја, избегнувајќи ги потемните фази на готвење.

Треба да знаете
Последни објави