Search

Јавното обвинителство во 14 часот ќе одржи вонредна прес конференција

Јавното обвинителство во 14 часот ќе одржи вонредна прес конференција

Јавното обвинителство во 14 часот ќе одржи прес конференција во врска со предметот во јавноста познат како “Рекет”.

На прес конференцијата ќе присуствуваат јавниот обвинител, Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Како што веќе објави 24 инфо, по налог на обвинителството полицијата ја приведе денеска Катица Јанева и врши претрес во нејзината куќа.

Дознаваме и дека во тек е операција за приведување на други лица.

Треба да знаете
Последни објави