Search

Јавноста на дело го виде „Луј Витон“ правосудството инсталирано од  СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на прес конференцијата на Костадин Костадинов, кој изјави дека институциите градат механизми што ги зајакнуваат капацитетите на правната држава. Правдата, законите важат за сите подеднкаво и тоа е очигледно и јасно воочливо.

„Зоран Заев и СДСМ ја парчосаа Македонија. Не постои ни „п“ од правна држава.Заев и картелот околу него правдата ја подразбираат како можност институционално да се рекетираат бизнисмени и да се вршат политички притисоци врз неистомисленици.

Партнерката на Заев, Катица Јанева, која беше негова црвена линија од која не отстапува е фатена жива во криминал. Неговиот медиумски партнер и соработник е исто така фатен жив во милионски криминал. Ништо од тоа немаше да се случи доколку одредени храбри медиуми , кои не се под контрола на Зоран Заев не го објавеа криминалот за кој што сите шепотеа. Доколку не почнеше да се расплеткува по медиуми приказната за Боки, Зоки, Кики, Фрики и останатите крими ликови и доколку не се објавеа видео снимки и телефонски разговори, Заев и неговите функционери ќе продолжеа да рекетираат и да се потсмеваат со јавноста.

Вака јавноста на дело слушна дека Зоран Заев е глава на октоподот и дека тој бил целосно во тек со бруталното рекетирање и злоупотребата на институциите. Јавноста виде дека Зоран Заев ги предупредувал рекетарите дека се пријавени и може да бидат откриени.

Јавноста на дело го виде „Луј Витон“ правосудството инсталирано од  СДСМ.

Јавноста слушна но и виде како се креирале обвиненија, се покренувале судски процеси за истите да бидат злоупотребувани за притисоци и изнуда на милиони евра рекет за кои никој не знае каде завршиле.

Можеби токму Костадин Костадинов треба да даде одговори каде завршиле 1,5 милиони евра од фамозната чанта „Луј Витон“ на Боки Тредичи или пак стотиците илјади евра од бизнисменот Силјан Мицевски дадени во невладината организација во која што и самиот Костадинов е почесен член.

Не би не зачудило Костадинов да се правда дека Боки Тредичи го познава само од телевизија или од разминување во некоја кафеана. Затоа е нервозата на СДСМ  и нивното панично барање за брзото решение за обвинителството. Решение ќе има, но не такво каков што посакуваат Костадинов и Зоран Заев, не политички монтирани процеси на кои што Заев и Костадинов се навикнати,  туку такво кое што ќе донесе вистинска правда во државата.

Впрочем ако во Македонија владееше правото досега во најмала рака, Зоран Заев ќе беше пријавен и одговараше за крими хаосот во кој што ја втурна Македонија. Набргу следува вистинска обнова на Македонија, а одговорност ќе има за сите, почнувајќи од главата на крими-октоподот“.

 

Треба да знаете
Последни објави