Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, во врска со вчерашното поставување на експлозивна направа во куќата на јавниот обвинител во Кичево , изразува енергична осуда.
овој чин освен загрозување на личната сигурноста на јавниот обвинител и членовите на неговото семејство, претставува сериозна закана и атак врз целата институција и принципот на владеење на правото во нашата држава.
Ваквиот чин , не само што нема да го поколеба јавниот обвинител во извршувањето на својата функција, претставува поттик за целата институција за уште подоследно извршување во својата функција и примена на принципот на легалитет на гонење на сторителите на кривични дела.
Осудувајки го овој акт на насилство , изразуваме силна подршка на нашата колешка, да истрае во борбата против криминалитетот.
истовремено ги повикуваме надлежните органи во чија надлежност е опереативата за откривање на сторителите на кривични дела , да преземат соодветни мерки за БРЗО откривањето на сторителот на овој насилнички акт.