Search

„Јавна соба“ стана група „Само за возрасни“, во неа политичари и бизнисмени

Политичари и бизнисмени се дел од порнографската група на месинџер апликацијата Телеграм на која се споделуваат фотографии и видеа од малолетнички од Македонија, објави „А1он“.

Скандалот со групата „Јавна соба“силно оддекна вчера во јавноста, а се вклучи и полицијата, па името на групата е променето од „Јавна соба“ во „Само за возрасни“. За неполн час 600 членови ја напуштииле, но фотографии и понатаму продолжуваат да се споделуваат.

„А1он“ влезе во таканаречената „Јавна соба“ и можеше да ги следи коментарите и споделените фотографии и видеа од над 7.400 членови, а меѓу нив, според телефонските броеви, забележавме и поранешни високи функционери, менаџери на кафулиња, новинари, бизнисмени… Паника настана кога групата беше јавно
објавена,  Останатите продолжија да
споделуваат порнографски содржини, телефонски броеви од девојки и нивни
разголени фотографии.

Треба да знаете
Последни објави