Search

Јавна дебата за организација на настани во услови на пандемија

 Во организација на Асоцијацијата на ивент идустријата – ИВАП денеска ќе се одржи јавна дебата во врска со прашањата за можностите и предизвиците во наредниот период, поврзани со индустријата за организација на настани. На дебатата ќе учествуваат Влатко Стефановски – уметник, Оливер Белопета – директор на Скопје Џез фестивал, Коста Петров – сопственик на P World, Никола Наумоски – шеф на кабинет на градоначалникот на Скопје и Виктор Илиески – директор на Филхармонија.

На дебатата се поканети и други претставници од областа на организацијата на настани – директори на фестивали, културни промотори, директори на културни институции, сопственици на рентал компании, министерствата за економија, финансии и култура, како и претставници на град Скопје.

-Во пресрет на есенската и зимска сезона, кога се најавуваат зголемени мерки за претпазливост, логично е да очекуваме дека нашата работа уште повеќе ќе биде отежната. Со организирањето на оваа дебата сметаме дека заедно можеме да најдеме решенија за да ја надминеме оваа тешка година и да помогнеме еден цел сектор да не замре и да бидат затворени многу компании и изгубени работни места, велат организаторите.

Треба да знаете
Последни објави