Search

Јавен повик за студенти за обезбедување туторство на ученици од основно образование

Министерството за образование  и наука информира дека во тек е јавен повик за студенти за учество во реализација на програма за обезбедување туторство на ученици од основното образование.

Програмата предвидува обезбедување на бесплатни дополнителни часови за ученици по предметите кои се дел од наставниот план за основното образование, со цел обезбедување на дополнителна поддршка во совладувањето на наставната материја.

Повикот за учество во програмата е наменет за редовни студенти кои имаат желба доброволно да подучуваат ученици по изготвена програма на одговорен наставник за соодветна паралелка од основно училиште.

Програмата за обезбедување туторство на ученици во која се наведени сите услови и критериуми за учество може да се погледне на следниот линк.

Аплицирањето се врши преку порталот www.konkursi.mon.gov.mk, каде воедно е објавено и упатство за пријавување, како и пријавата за учество во програмата.

Треба да знаете
Последни објави