Search

Ѕвездите се појавија онлајн за виртуелно доделување на САГ наградите

Холивудските ѕвезди не дозволија отсуството на официјален црвен тепих да ги спречи да се дотераат за да импресионираат од дома на доделувањето на САГ-наградите 2021.

Никол Кидман, Кејли Куоко и Кери Вашингтон беа меѓу многуте селебрити-личности кои решија да го направат тоа во својот дом по повод холивудскиот настан во неделата попладне.

Никол Кидман и Кејли Куоко изгледаа подготвени за пролет во цветни фустани, додека Кери Вашингтон заблеска во креација инспирирана од дваесеттите години за виртуелен црвен тепих од дома на доделувањето на САГ-наградите од областа на киното и телевизијата.

Screen Actors Guild, односно награди кои ги доделува американската федерација на ТВ и радио уметници, го прославија најдоброто од нивниот еснаф со претходно снимена церемонија што се емитуваше во неделата, 4 април.

Како и „Златните глобуси“, овие награди се сметаат за предвесник на „Оскарите“.

Треба да знаете
Последни објави