Search

„Ѕвездени патеки: Дискавери“ се враќа

Се чини дека меѓународните фанови ќе можат да ја гледаат „Ѕвездени патеки: Дискавери“ порано од предвиденото. Оваа вест доаѓа по неодамнешната објава на „Парамаунт“дека серијата го напушта „Нетфликс“ и дека нема да се врати на меѓународната публика до 2022 година.

Но, новата сезона на култната серија ќе биде достапна на одбрани меѓународни пазари на 26 ноември.

Сега, фановите од целиот свет ќе можат да ја гледаат четвртата сезона кога ќе биде премиерно прикажана на 26 ноември, нешто повеќе од една недела по американската премиера.

„До сите меѓународни фанови на Star Trek: Discovery!“, твитна мрежата.

„И ние ја сакаме оваа серија. Ја сакаме поради неверојатната актерска екипа, имагинативното раскажување приказни, револуционерните разновидни ликови кои ја оживуваат серијата и она што го претставува за толку многу луѓе ширум светот. Star Trek отсекогаш ги ставал своите фанови на прво место.“

„Затоа, за време на оваа транзиција, правиме се што можеме за што поскоро да ви ја пренесеме новата сезона. Ние сме горди на Discovery. Ветуваме дека на овој серијал и на неговите верни фанови ќе им ја дадеме целата глобална љубов и видливост во големиот универзум на ‘Парамаунт плус’.“

Треба да знаете
Последни објави