Search

Ѕвездата на „Harry Potter“: Не знам колку пари имам

Актерот Руперт Гринт, ѕвезда од филмовите за познатиот волшебник Хари Потер, откри во интервју дека не знае колку пари заработил од улогата на Рон во седум делови на „Harry Potter“.

„Всушност, не знам колку пари имам, не би погодувал сега. Парите не ме мотивираат. Да, удобно е да ги имаш и тоа е добрата работа поврзана со тоа. Мило ми е што имам пари, но не сум многу фокусиран на тоа“, изјави тој.

Руперт се прослави со улогата на Рон Весли заедно со Даниел Редклиф и Ема Вотоссн. Имаше само 11 години кога стана дел од филмската екипа, а претходно изјавуваше дека му плаќаат ненормално високи суми на пари и дека тоа влијаело на неговиот приватен и социјален живот.

„Се борам да се присетам на животот пред славата. Мислам дека се изгубив негде по пат. Имав чувство дека ги пропуштам нормалните работи“, вели тој.

Иако Руперт не знае колку заработил,  се проценува дека станува збор за 28 милиони фунти.

Треба да знаете
Последни објави