Search

Ѕвездата на Јувентус потврди дека Челси и Барселона биле заинтересирани за него

Во пресрет на средбата помеѓу Атлетико Мадрид и Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите, играчот од средниот ред на „Старата Дама“, Миралем Пјаниќ даде свое видување за неколку теми поврзани со клубот.

Во изјава, Пјаниќ истакна дека имаат големи шанси да ја освојат Лигата на шампионите, а потенцираше дека сега со Кристијано Роналдо работите се многу полесни.

Пјаниќ даде интересен одговор на прашањето дали е вистинит интересот од Барселона и Челси минатото лето.

– Имаше интерес, но јас немав причина за промена. Трансферите не зависат само од играчот, туку и од клубовите и нивните потреби. Мислам дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите, а јас сум на најдоброто место за да го сторам тоа – заклучи Пјаниќ.

Треба да знаете
Последни објави