Search

Ѕвездата на „Терминатор“ е во целибат веќе 15 години

Актерката Линда Хамилтон (62), ѕвездата на „Терминатор“, ја изненади јавноста со неодамнешната изјава дека веќе 15 години е во целибат, според „Пипл“. Понудите за брак не ја интересираат. 

Во интервјуто што го даде за американските медиуми, филмската Сара Конор откри дека ужива во осаменоста и дека по двата неуспешни брака би се омажила повторно само кога би ја запросил нејзиниот омилен уметник, 42-годишниот сликар Кехинде Вајли.

https://www.instagram.com/p/B1_uwDAHQMb/

Нејзиниот прв сопруг беше филмскиот актер Брус Абот, со кого беше седум години. После тоа, љубовта ја пронајде во денес 65-годишниот режисер Џејмс Камерон, од кого се разведе во 1999 година по само две години брак.

Иако нејзината кариера се забави откако се пресели во 2000 година, таа сега, по 30 години, се враќа на филмското платно со филмот што ја прослави.

Треба да знаете
Последни објави