Search

Ѓурѓа од Старо Коњарево ги собрала сите награди на Државна Лотарија

Извесна Ѓурѓа Ѓоргиева од село Старо Коњарево е неверојатен добитник на речиси сите награди доделени од Државна Лотарија на Македонија, пишува „Слободен печат“.

Доказ за тоа се и коментарите на друштвените мрежи од типот: „Пак оваа?“.

Како што велат од „Слободен печат“, нашле најмалку десет не баш скромни награди кои завршиле во рацете на струмичанката. Од нив, две се автомобили.
„Или госпоѓата е родена под среќна ѕвезда или некој тука ‘замешал прсти’.

Граѓаните по социјалните мрежи велат дека е она второто“, пишува порталот, додавајќи и дека можно е Ѓурѓа да е единствената што игра, а ние беспотребно ѝ љубомориме.

Треба да знаете
Последни објави