Search

Ѓурѓај ја запозна групата на словенските малцинствата од Европа со состојбата на Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден„ со седиште во Тирана, како рамноправна членка учествува на 64-от Конгрес на Федералната унија на европските националности – ФУЕН, што се одржува во Братслава, Република Словачка.

На конгресот, кој се совпаѓа со 70-сет годишнината од основањето на Унијата, како претставник на друштвото учествува претседателот Никола Ѓурѓај, кој учествуваше и на работниот состанок на групата на словенските малцинства од Европа.

-Пред членовите на групата, чиј дел сме и ние, презентирав опширна слика за состојбата на припадниците на македонското малцинство во Албанија. Тука, секако за непризнавањето статус на малцинство на целата територија на земјата, немањето образование на мајчин јазик, тешката економско-социјална положба на Македонците, посебно во областите Голо Брдо и Гора каде ги немаат ни основните услови за живот, пат, вода…, изјави Ѓурај за МИА.

Друштвото, додаде тој, на Конгресот има доставено Резолуција за правата на Македонците во Албанија, која не крие, дека очекува да добие едногласна поддршка.

На маргините на Конгресот, Ѓурѓај мал одвоен средби со со Бернхард Зиец, претседател на групата на словенските малцинства од Европа, како и со Матиц Гермовшек, координатор на словенските малцинства од Европа.

Во групата на словенските малцинства од Европа се 28 организации, рамноправни членки на ФУЕН, во кого членуваат 103 организации, членки од 35 земји во Европа. Македонско друштво „Илинден” е рамноправен член на ФУЕН од средината на мај 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави