Search

Ѓурѓај му јa врачи почесната награда „Илинден” на Архимандрит Партениј

Претседателот на македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај беше во посета на Бигорски манастир и на игуменот Архимандрит Партениј лично му ја врачи почесната награда „Илинден”.

– Огромна чест ми беше што токму пред патронот на овој познат божји храм, Отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован да се сретнам со отец Партениј и лично да му ја предадам наградата. Му посакав добро здрвје и успешно продолжување на неговата мисија, рече Ѓурѓај.
Во разговорот искажан е заеднички став за унапредување на соработката, но и продолжување на помошта што Бигорски ја дава за црквите каде што живеат Македонци.
Наградата „Илинден” е воведена оваа година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото.
Се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија.
Треба да знаете
Последни објави