Search

Ѓуриќ: Курти не ги укина таксите, туку воведе нови казнени мерки

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти не ги укинал таксите на производите од Централна Србија и дека народот не треба да наседнува на лажни вести, пренесува „Танјуг“.

„Косовскиот премиер најави, да бидеме сосем прецизни, само орочена суспензија на таксите и тоа  условно, а истовремено воведува нови казнени мерки за наѓите граѓани и стопанство,кои ги нарекува реципроцитет“, нагласи Ѓуриќ.

Со ова, истакна тој, ситуацијата не деескалира и не враќа да состојбата пред воведувањето на антицивилизациските такси на производите од Централна Србија, туку на перфиден начин се воведуваат досега непостоечки бариери за трговијата и за движењето на луѓето и на стоките.

Ѓуриќ наведе дека Приштина продолжува да си поигрува со ова прашњње и со економската перспектива на Косово и нагласува дека оваа одлука е претстава наменета за меѓународната заедница.

Треба да знаете
Последни објави