Search

Ѓуриќ: Курти е закана за стабилноста на регионот и Европа

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската влада, Марко Ѓуриќ, изјави дека кандидатот за косовски премиер Албин Курти се повеќе потврдува со своите настапи колкава опасност претставува за стабилноста на регионот и целата Европа.
-Тој по диктаторските рецепти од 30-тите години на минатиот век го обесмислува принципот на мирно решавање на кризата и дијалогот, порачувајќи дека не сака разговори со Белград, туку дијалог за дијалогот, што е еуфемизам за целосно исклучување на дијалогот, оцени Ѓуриќ.
Во изјавата истакнува дека Курти „се потсмева“ со меѓународната заедница и нејзините обиди да помогне во создавање зона на стабилност и безбедност на западниот Балкан, што „засега му успева и проаѓа без какви било санкции“.
-Негова јасна намера е во што поголема мера со своите фашистички пораки и потези да ги радикализира и милитаризира Албанците за во иднина својот големоалбански проект да го наметне под закана на сила, тврди Ѓуриќ.
Тој истакна дека Србија „никогаш нема да потклекне пред заканите на непријателите на демократијата и мирот“ и дека ќе вложи политички, дипломатски и „секакви други средства кои ѝ се на располагање“ за да „го скроти пироманот Курти и неговите најекстремни поддржувачи“.

Треба да знаете
Последни објави