Search

Ѓукановиќ порача дека нема намера да поднесе оставка

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ порача дека нема намера да поднесе оставка по обвинувањата на бизнисменот Душко Кнежевиќ, оценувајќи дека Кнежевиќ е недостоен противник, лажго и измамник, кого го искористиле оние кои сакаат да ја променат власта во земјата, пренесе РТЦГ.

Ѓукановиќ смета дека аферата „Атлас“ има две цели, првата е избеганиот тајкун да се заштити од евидентни кривични одговорности.

„Се обиде да се заштити на различни адреси, па и кај мене, но му одговорив дека не можам да му помогнам“ рекол црногорскиот претседател.

Другата и важна цел, според него, е обидот да се стави аферата во функција на вознемирување на јавноста и предизвикување улични протести, односно смена на власта.

Тој порача дека нема намера да поднесе оставка, како што истакна, не зошто е властољубив, туку дека се работи за континуитет на борбата за вредности.

Треба да знаете
Последни објави