Search

Ѓукановиќ: Во спорот со СПЦ ќе ги браниме своите интереси

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора е одлучна да го реши прашањето со црквата и имотот на верските организации во таа држава со закон со кој отвори судир со СПЦ, но и дека ќе ги брани бескомпроимисно своите интереси.

Во мај црногорската влада усвои закон за слобода на вероисповед, што предвидува дека сите верскиобјекти што беа во сопственост на државата Црна Гора пред губењето независност во 1918 година, а кои подоцна не стапиле на соодветен законски начин во сопственост на некоја верска заедница, ќе бидат признати како државен имот и евидентирани како културни добра.

На Законот најмногу се спротивставува Српската православна црква, која има речиси 700 верски објекти во Црна Гора, бидејќи со него се предвидува одземање на нејзиниот имот.

„Црна Гора е решена да го реши многу деликатното прашање на црквата и нема да прибегне кон провокации и ќе се воздржи од понатамошно заострување на ситуацијата, но бескомпромисно ќе ги брани своите интереси”, рече Ѓукановиќ на состанокот со амбасадорите на ЕУ во Подгорица.

Ѓукановиќ претходно најави враќањето на автокефалност на Црногорската православна црква.
Изјавата на Ѓукановиќ во моментот додека се очекуваше усвојување на законот за слобода на религијата, беше под силна реакција на српските функционери.

Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати барање до црногорската влада да го повлече законот за слобода на религијата, за кој рече дека „не е добро за српскиот народ, и неговото усвојување неизбежно ќе ги загрози добрите односи на двете земји”.

Црногорската влада остро му одговори на Вучиќ, нагласувајќи дека нема да дозволи некој да влијае врз нивните одлуки.

Треба да знаете
Последни објави