Search

Ѓошевски Леви за 27 април: Се ослободуваат подметнувачите на пожарот, а пожарникарите го обвинуваат оти навреме не го изгаснале

Поранешниот началник на личното обезбедување на претседателот на Собранието, Горан Ѓошевски Леви, кој е еден од обвинетите полицајци во „случајот 27 април“ во завршните зборови рече дека никој не го информирал за постоење на оперативен штаб ниту побарале план за постапување ниту ми презентирале план за нивно постапување.

-Одделението за лично обезбедување на претседателот на Собранието како и одделението за обезбедување на останатите ВИП личности во државата функционираат автономно. Располагаат со полицициски службеници и свои ресурси и делуваат за заштита на личностите кои ги обезбедуваат согаласно оперативните процедури. Поради тоа луѓето од моето одделение никогаш не се членови на оперативните штабови ниту оперативните акции, затоа во плановите за евакуација не е спомнат претседателот на Собрание туку плановите се за евакуација на останатите пратеници. ЈО во доказната постапка не успеа да докаже кој закон и законска одредба јас сум ја прекршил, според кој закон и акт тебало да постапувам а не сум постапил, ниту пак судот не ги прикажа моите надлежности. Тие докази не одат во прилог на обвинителството туку би биле во моја корист. Дали и во кој доказ приложен од ЈО се докажа мојата организираност во тој немил настан. Дали ЈО се потруди тоа да го докаже. ЈО ниту докажа ниту се потруди, но само затоа што такво нешто нема. Обвинетите во оваа судница прв пат ги гледам со исклучуок на некои службени лица, а политичарите не се овде од познати причини-амнестија. Дали во еден подметнат пожар обвинителството треба да го ослободи подметувачот, а да ги обвини пожарникарите кои се бореле со стихијата само затоа што не успеале навреме или веднаш да го изгаснат пожарот. Ако е така, каде се “пожарникарите” кои стоеа надвор, но и внатре во собранието, а не превземаа ништо. Одговорот е селективност, рече Леви.

Според него, на видео снимките јасно се гледа дека некои други, сега веќе амнестирани, ја насочуваат масата, а тој ја стопира масата. Доказот на тоа е дека во моментот кога почуствував дека ќе имам помош од униформираните колеги, помошта ја немаше.
-Тие немо гледаа и не превземаа ништо. Обвинет сум дека не сум ги спречил пратениците да ги отворат влезните врати. Дали Македонија ја виде моќта на пратениците со отворањето на вратите, а потоа со нивно амнестирање. Тоа е моќта на политичарите кои секојдневно пред нашите очи се расправаат, а потоа на пауза заедно ручаат. Ќе кажам дека законот за собрание од 2013 година е донесен со двотретинско мнозинство, а во чиј член 43 изричито е напишано за обезбедувањето во собранието и се вели без одобрение на претседателот овластенитите службени лица не смеат да превземат било какви службени дејствија спрема вработени, пратеници или лица затекнати во собранието, рече Леви.
То објасни дека му се става на товар отворањето на врата со картичка.
-Моето кревање на рака беше за да покажам дека таа е електронска врата и нема квака. Зошто судот не побара каква е таа картичка, и во колку часот со картичката е отворена. Тоа можеше многу лесно да се утврди. Докажувам и тврдам дека немам таква картичка, а судот тоа може да го провери со списоците. За влезот во мониторинг салата морам да напоменам дека не постои документ со забрана за влез во мониторинг соба за време на други протести. Преку мониторингот се следи состојбата пред собранието, ги лоцирале потикнувачите на насилството  и нарушување на ЈРМ. Обвинителството не сакаше да каже дека постојат два мониторонг система во собранието. Зошто тогаш не сум се јавил усно на колегата да им отвори и тука на инспекторите наУБК. Таква умисла и намера немало, рече Леви.
Според него, што можело да се види од телефонските листинзи, тој бил во Стајковци поради приватни работи кај неговата покојна мајка, за што имал потврда и од медицинска помош.
Од доказите можеше да се види дека во Собрание не сум повикан туку од страна на мојот подреден, Марјан Митевски, сведок, бев известен дека во собранието е тензична работата по што заминав кон Собранието. ЈО требаше да биде објективно и да ги прикаже сите мои комуникации од кога сум дошол па додека сум заминал и ќе видат дела сум ја почитувал хиеархијата. Прво побарано лице за помош беше Горанчо Савевски кој ме извести дека не е на работа, туку на работа е директорот и тој ми го дадае бројот на Чавков кому му звонев, но не го добив. Потоа пак се чув со Савевски и му кажав дека не го добив. После се чув со Сашо Трпевски кој ми кажа “за потреба за луѓе ние ќе се организираме ти барај го Оливер Попвски”. Кога се чув со Чавков му кажав кој сум и дека имам потреба од полицајци и ме извести дека ќе добијам помош од внтарешно обезбедување од Влада.
Беше презентирано и вештачењето на мобилниот на Трајко Вељановски, но ние ако го побаравме тој немаше ни да се појави, а требаше да се појави како сведок на обвинителството. Се прашувам ако Трајко Вељановски бил на распит зошто не не удостоија со неговиот запис? Нема таков, затоа нема, вели Леви.
Тој посочи дека некои кои беа на 27.11.2017 впишани во наредбата како осомничени од неразјаснети причини не се во судницата, а тоа се Сашо Трпевски, Горан Ѓоргиевски и Ивица Вучевски.
-Како обвинителството ако ги бараше организаторите до сега не ги пронајде. Јас сигурно не ги организирав. За жал тие не се овде. За елитата веќе кажав. Истата таа елита овде кога дојде редот да даваме наша одбрана не убедуваше да се браниме со молчење? Зошто. За да премолчиме дека некој од таа елита сторил нешто што не треба? А тоа го кажа и самиот обвинител. Ние останавме овде куси за тие снимки. Зошто не ни ги презентира обвинителството снимките од 18 часот кога Трајко Вељановски ја прекина седницата. Е тогаш ќе видиме што навистина се случуло и кој ги отворил вратите. Тоа е доказ. Обвинителството кажа дека со горчина го прифати фактот дека треба некого да амнестира, но како го утврди тоа, со неприкажување на снимките? Обвинителството не ни презентираше листинзи од амнестираните. Зошто, за да не видиме со кого контактирале и дали само емоциите ги понесуваат. Јас тој ден плачев додека нејој пееше. Изгубив татко и мајка, а некој пееше и предизвика тоа што предизвика за сега некој да си го крои лозјето, а јас да бидам овде, на  работ на сиромаштијата. Тие истите земаа по 70.000 плата и додека беа во притвор. Тие не убедуваа да се браниме со молчење. “Ние видовме имаш 20 години,” така ни кажаа, рече Леви.
Даниела Вељановска
Треба да знаете
Последни објави