Search

Ѓорѓиев: Сакаме да победуваме

Македонската одбојкарска репрезентација денеска (17.30 ч.) ќе дебитира на евро-шампионатите. „Црвено-жолтите” изборија историски пласман на 31. Европско првенство каде прв противник ќе им уште еден дебитант на завршниот турнир, Финска. Натпреварот се игра во салата „Стожице“ во Љубљана, каде од таборите на двете репрезентации најавија дека ќе имаат поддршка од трибините. Во „Стожице“ се очкеуваат неколку стотина македонски навивачи да ги бодрата „црвено-жолтите“, а од Финска неколку илјади.

– Не сакаме да бидеме само обични учесници, сакаме и да победуваме. Нема што да се плашиме од Финска, тоа е добра репрезентација, но од наш ранг. Треба да бидеме агресивни, да ги намалиме грешките, да се бориме за секоја топка. Тие играат мудро, но имаат проблеми со високите топки. Очекувам ова да биде наш ден, да биде убав ден – оптимист е Никола Ѓорѓиев, капитенот на македонскара репрезентација.

Во 1.коло од Ц-групата покрај дуелот Макеоднија – Финска , ќе играат и Турција – Русија, Словенија – Белорусија.

Треба да знаете
Последни објави