Search

Ѓорѓиевски: Спасовски го партизира и приватизира МВР

Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, обвини на прес-конференција членот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Како што рече тој, октоподот на Спасовски во МВР е составен од луѓе кои може да ги контролира.

„За да го обезбеди овој систем, функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга, Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР под кои услови ја вработил и на кое работно место“, нагласи членот на опозициската партија.

Ѓорѓиевски зборуваше за тоа дека Спасовски на позиција инспектор во СВР Куманово, ја вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, Даниела Илиевска, а како што кажа, работно место во МВР добил и синот на Стојанче Величковиќ, којшто е поставен за командир на СВР Куманово.

„Спасовски ги вработува и роднините на неговите членови на кабинет. Па така братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, го вработува како инспектор во Куманово. Синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски, го вработува како полицаец. Истото го направил и за внукот на Мирче Станчевски“, кажа Ѓорѓиевски.

Според него, откоподот на Спасовски се шири и кон луѓето од бизнис секторот коишто блиски до него, како Игор Стефановиќ, сопственик на „Оли травел“, чиј брат е вработен исто така во СВР Куманово.

„Додека Спасовски создава октопод од негови блиски луѓе на позиции, млади луѓе се бодат по автобуси и ги губат своите животи, а истовремено полицијата за жал ништо не презема. Безбедноста е нарушена и повеќе никој не се чувствува сигурно во државава. Имаме еден куп убиства коишто се нерасчистени, криминалци има на секаде, а полиција буквално спие“, истакна претставникот на опозициската партија и порача дека е време министерот Спасковски заедно со премиерот Зоран Заев, да заминат во историјата на македонската политичка сцена.

Треба да знаете
Последни објави