Search

Ѓорѓиевски: Пин Петрол, еден од случаите кој е печен за т.н. ветинг на Оливер Спасовски

Денес се наоѓаме пред бензиската станица Пин Петрол, еден од случаите кој е печен за т.н. ветинг на Оливер Спасовски. Токму оваа бензиска станица која е една од најголемите во кумановскиот регион беше помпезно отворена пред неколку дена од високи владини и партиски функционери на СДСМ.

Чија е оваа бензиска станица? Тоа е логично прашање за кое јавноста бара логичен одговор. Оливер Спасовски беше првиот кој го прослави отворањето на оваа бензиска станица. Дали можеби тој е и скриен сопственик или има било каков удел во неа?

Прашањето е легитимно бидејќи на хартија оваа бензиска се води во сопственост на таткото на советникот за односи со јавност на Оливер Спасовски лицето Никица Петрушевски. Дополнително самиот факт што Оливер Спасовски молчи за овој случај говори дека нешто се крие.

Бензиската станица Пин Петрол е модерна со кафетерија, ресторан, перална и супер маркет и сигурно вреди милиони, а е изградена од фирма која прикажува со години профит рамен на НУЛА. Кога веќе полицијата на Спасовски не истражува ги повикуваме Антикорупциската комисија да го истражи случајот со бензиската станица позади мене исто како и доделувањето на лиценца за технички преглед која ја добила истата оваа фирма пред извесен период. Институциите треба да истражат дали бензиската Пин Петрол е отворена по легален или нелегален пат со нелегални пари. Дали бизнисите на Пин Петрол, како што е и скорешната лиценца за технички преглед е резултат на влијание од страна на Оливер Спасовски и неговиот советник и дали истиот има материјален интерес од разработувањето на оваа фирма?

Овде е крајно сомнително, а бидејќи Македонија има работа со криминален октопод на власт, неопходно е час поскоро да се истражат овие индиции, пред криминалниот клан уште повеќе да метастазира како канцер и да ја уништи државата.

Треба да знаете
Последни објави