Search

Ѓорѓиевски: Началник на СВР Штип имал кривична за криумчарење мигранти

Спасовски веќе два месеци на позицијата началник на СВР Штип го држи Љупчо Трајковски, против кого според нашите информации е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека против Трајковски, надлежниот суд имал изречено мерка на претпазливост – одземање на патна исправа.

„Трајковски, иако осомничен за сериозно крвично дело, против човечноста и меѓународното право, за кое според ст. 5 од чл. 418-б, бидејќи истиот е службено лице му се заканува казна затвор од најмалку десет години, се уште ја извршува функцијата началник. Како може граѓаните од Источна Македонија да се чувствуваат безбедни кога главниот полицаец на истокот е лице кое е осомничено за кривично дело за кое казната затвор е над десет години“, праша Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Трајковски не бил првиот случај во кој што првите соработници на Спасовски биле фатени во криминал, а потоа остануваат да ги вршат функциите. Ѓорѓиевски додава дека советникот на Спасовски, Драган Симоновски бил приведен под сомнение дека уценувал преку оддавање на ПИ мерки. Притвор немало, а советникот на Спасовски продолжил да оди на работа, додека доказите мистериозно исчезнале и обвинителството се откажало од прогон.

„Луѓе како Трајковски и Симоновски не смеат да бидат лице на МВР. Граѓаните заслужуваат чесна и професионална полиција, а не полиција со која командувааг криминалци.
МВР мора да биде во функција на граѓаните“, рече Ѓорѓиевски и додаде дека е потребна промена на СДСМ, а за да се случи тоа потребна е масовна излезеност на претседателските избори и гласање за Гордана Силјановска Давкова.

Треба да знаете
Последни објави