Search

Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Визбаден

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, се пласира во полуфиналето на ИТФ турнирот во Визбаден што се игра за награден фонд од 80.000 долари. Во четвртфиналната пресметка Ѓорческа преку осмата носителка Федерика Ди Сара, која го предаде мечот во вториот сет, си обезбеди место меѓу четирите најдобри. Во полуфиналето за противник утре ќе ја има подобрата од денешниот последен четвртфинален дуел помеѓу првата носителка, Клара Бурел (Франција) и Романката Клара Игнатик.

Ѓорческа во текот на целиот меч со Ди Сара играше сигурно и ќе обезбедеше триумф дури и противничката не се откажеше предвреме. Македонската тенисерка лесно го доби првиот сет (6-1) и направениот брејк во вториот за 2-0, кога Италијанката реши да го „фрли пешкирот“.

 

Треба да знаете
Последни објави