Search

Ѓорчев: СДСМ соочени со пораз фатени како делат црни вреќи во Битола, да реагира и меѓународниот фактор

Интегрален текст од прес конференција на Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

„Ве замолувам да го погледнете видеото кое што ќе го пуштиме, а на кое што главните активисти на СДСМ, секретар на Општинската организација а и двајцата се кандидати за советници на Битола, синоќа одеа во населбата Баиро и од брендирана со налепници кола на кандидатот за градоначалник ан СДСМ во Битола Кондовски делеа црни вреќи. Сите знаеме што е работата, повелете видете го видеото.

Луѓето кои што вадат црни вреќи во населбата Баиро во Битола од возило со налепници од кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, се Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола. Второто лице е Жаклина Наумовска, просветен инспектор и секретар на Општинската организација на СДСМ во Битола како и кандидат за советник.

Сите знаеме што прават тие во Баиро во Битола. Сите знаеме зошто делат црни вреќи.
Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од кола која што е излепена, брендирана со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола.

Истовремено фирмата на Христо Кондовски, „Стентон Градба“ добива еден куп милионски тендери од РЕК Битола која што сега пропаѓа, а гледаме сега дека вртат нивни возила по Баирот во Битола и тоа едноставно што може да биде ако не е изборен поткуп.

Граѓани на Македонија, граѓани на Битола,
Имате јасен избор од една страна се тајкуните и олигарсите кои што добиваат милионски огромни државни тендери, а од друга страна е нашиот кандидат.Нашиот кандидат кој што е доктор, кој што е еснаф човек кој што помага.
Гласајте за ВМРО-ДПМНЕ и Коњановски под број 7.

Треба да знаете
Последни објави