Search

Ѓорчев помага во Драч: Тажна глетка, мора да помогнеме

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ е во Драч да помогне по катастрофалниот земјотрес кој го погоди вчера грдот и околината.

– Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се ГОЛЕМИ. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините. Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед, напиша тој и сподели фотографии на Фејсбук.

https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/posts/2993983587295749

Треба да знаете
Последни објави