Search

Ѓорчев на конгресмени од Републиканската партија во САД им се пожалил за политички прогон во Македонија

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, за време на посетата на Вашингтон се сретна со конгресмените Роберт Питинџер и Ричард Хадсон од Републиканската партија.

Како што информираат од неговата партија, на средбите со двајцата конгресмени станало збор за развивањето на билатералните односи меѓу САД и Македонија, како земји кои имаат потпишано договор за стратешко сојузништво и партнерство.

Ѓорчев ги информирал соговорниците за актуелните состојби во Македонија, при што зборувал за влошени енономски индикатори, политички прогон, контрола на институциите од страна на власта и проблем со слободата на медиумите.

Конгресмените Питинџер и Хадсон се заблагодариле за посетата и нагласиле дека со внимание ќе ги следат состојбите и случувањата во Македонија.

Ѓорчев го нагласил долгогодишното партнерство меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Републиканската партија на САД, а на крајот, на американските конгресмени им изразил сочувство по повод смртта на поранешниот претседател Џорџ Буш.

Треба да знаете
Последни објави