Search

Ѓорчев: Заев донесе коцкарници и марихуана во Македонија, ништо друго

Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување во дебатната емисија „Клил плус“ на ТВ 21 рече дека разликата во поддршката меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е многу голема и тоа така ќе остане и до изборите.

-Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. Не можам во моментов да оценам колку ќе се отслика револтот на граѓаните на гласачките кутии. Ако не 61 пратеник, 58, 59 пратеници се солидна бројка. Јас се надевам на 61 пратеник. Бројките и комбинациите ќе ги одредат граѓаните, вели Ѓорчев.

На прашањето кој ќе биде на листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и дали тој ќе биде на една од листите, Влатко Ѓорчев рече дека воопшто не е важно кој ќе биде, туку да падне, како што рече тој, „хибридниот режим“ на Заев.

-Не можеме да доброиме каде се има плантажи со марихуана семејството на Заев, истакна Ѓорчев.
Треба да знаете
Последни објави