Search

Ѓорчев во шпанскиот Сенат се обратил под уставното име на државава

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на делегацијата во парламентарното Собрание на ОБСЕ, Влатко Ѓорчев, се обрати на Kонференција за борба против тероризмот и жртвите на тероризмот која што се одржува во Сенатот на Шпанија, информираат од неговата партија.

Оттаму додаваат дека на конференцијата пратеникот учествувал и настапил под Уставното име – Република Македонија, кое што го користел во сите свои обраќања и за време на сите билатерални средби.
Kaко што се наведува во соопштението, Ѓорчев во своето обраќање истакнал дека тероризмот претставува закана за слободните општества и за демократиите, како и за целиот свет.

„Ѓорчев истакна дека Македонија се придружи во меѓународната коалиција за борба против тероризмот и дека припадниците на АРМ активно учествуваат во меѓународните безбедносни мисии. Ѓорчев нагласи дека треба да продолжи меѓународната соработка за борба против тероризмот, особено во делот на размена на информации помеѓу земјите кои заеднички се борат против тероризмот. Истовремено, треба да се засили соработката со локалните заедници во насока на спречување на радикализацијата на младите луѓе. Вложувањето во образованието, можноста за вработување на младите и демократскиот амбиент се силен инструмент на демократските општества во борбата против тероризмот“, пренесуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот ги поздравил присутните семејства од Шпанија, САД, Франција и Белгија кои биле жртви на тероризмот и додал дека и Македонија има свои жртви и сеќавања. Тој исто така учествувал и на церемонија за положување на цвеќе и за оддавање на почит за жртвите на тероризмот

Треба да знаете
Последни објави