Search

Ѓорчев во посета на „Херитиџ“ и ТВ „Фокс Њуз“ во САД

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на својата посета на САД се сретна со Џејмс Карафано, директор на Херитиџ центарот за надворешна политика и заменик директор на Дејвис институтот за надворешна политика.

На средбата, како што пренесува ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорчев го запознал соговорникот со актуелните состојби во Македонија, политичкиот прогон, секојдневните закани врз опозицијата, притисоците врз медиумите, инстументализацијата на судството и влошената економска ситуација.

„Херитиџ“ фондацијата ќе продолжи со интерес да ги следи состојбите во Македонија, како и случувањата во поширокиот регион на Балканот и Европа.

„Херитиџ“ фондацијата е меѓу водечките тинк тенкови во САД, покривајќи ги областите од внатрешната политика и економијата, до надворешната политика и одбраната.

Во Конгресот на САД, Ѓорчев се сретна со конгресменот Роберт Адерхолт. На средбата стана збор за актуелната политичка состојба во Македонија, а конгресменот Адерхолт е долгогодишен пријател на Македонија и познавач на состојбите.

Ѓорчев оствари посета на „Фокс Њуз“, најгледаната кабелска телевизија во САД. За време на посетата Ѓорчев имаше можност да се запознае со начинот на нивната работа во Вашингтон и нивното покривање на политичките настани, соопшти партијата.

Треба да знаете
Последни објави