Search

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за парламентарни избори во било кое време

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев во пресрет на прославата 29 години од основањето на партијата, истакна дека неговата партија е подготвена за парламентарни избори кога било, изјави за ТВ 24.

-Ова е трет век како ВМРО битисува и се бори за Македонија. Тоа ќе продолжи и понатаму затоа што ВМРО-ДПМНЕ е борба за Македонија. Јас е дека во Македонија ништо не се случува а нашата партија е подготвена за парламентарни избори во било кое време. Цело време бараме предвремени парламентарни избори. Погледајте година дена наназад ние цело време бараме предвремени избори, но Зоран Заев ги избегнува. Зошто? Затоа што ќе е поразен, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека на претседателските избори Заев загуби во првиот круг во 40-тина општини, убедлив пораз имаше во Скопје, пораз во Битола, пораз во Прилеп, пораз во Штип итн. Како и во Велес, Повардарието, Цела Источна Македонија, Пелагонија.

Треба да знаете
Последни објави